Црна хроника
Запленети осум килограми хероин на ГП Богородица
Осум килограми хероин во вторник се заленети на граничниот премин Богородица. Дрогата е со потекло од Турција, а преку Македонија требала да пристигне во западневропските земји, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Дрогата била пронајдена вчера попладне во автомобил „пежо 307“со скопски регистарски таблички, кое се пријавило за влез во Македонија. Возилото го управувал Ќ.Л. (54), а неговиот сопатник Ф.Б. (36) се обидел пеш да ја премине границата.
Дрогата била пронајдена во просторот за вентилација, во специјално изработен простор.
По вештачењето било утврдено дека се работи за 7, 978 килограми хероин со висок квалитет кој на домашниот нарко пазар на големо би достигнал цена од 160.000 евра додека надвор од Македонија над 250.000 евра.
Според сознанијата на МВР, двајцата уапсени биле ангажирани од страна на за сега непознато лице од Македонија да извршат транспорт на хероин од Турција за Македонија.
Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против Ќ.Л. и Ф.Б., двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Лицата се уапсени и по целосно документирање на случајот заедно со кривичната пријава ќе бидат изведени пред судија.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

