Контакт

Daily news

Автобус падна од карпа во Перу, речиси 50 загинати

Објавено пред

Најмалку 48 луѓе загинаа кога автобус се преврте и падна од карпа од 100 метри висина, директно на плажа во Перу.

Министерството за здравство соопшти дека шест лица ја преживеале несреќата, од кои еден од нив скокнал од автобусот пред да падне.

Несреќата се случила на озлогласениот дел од патот познат како Кривина на ѓаволот во Пасамајо, северно од главниот град Лима.

Автобусот со повеќе од 50 лица во него се судрил со камион.

Транзитната полиција соопшти дека возачот на камионот бил приведен на сослушување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Објавено пред

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за „Макфакс“ дека поплаките од граѓаните се за удобноста на новите автобуси кои се набавени пред 8 години. Прашан за коментар зошто МВР ги исклучува од сообраќај возилата на ЈСП ако се тие исправни, Толевски вели дека тоа секогаш се случувало во изминатите 20 години. Толевски вели дека во ЈСП има и неискусни возачи кои се млади и се примени политички.

„Нормално е да има такви. Да не се лажеме, во Македонија не значи дека сите деца што ги примаат на работа се екстра квалитетни, има и такви што се примени преку партија“, вели Толевски, кој додаде дека потенцијалните возачи во ЈСП треба да имаат возачка од Д-категорија, а искуството го стекнувале по вработувањето во претпријатието.

Прашан за исправноста на автобусите, техиничкиот директор вели: „Немој да мислите дека ако постојано го сервисирате вашето возило, тоа е 100 отсто исправнo. Нема да потврдам дека автобусите се неисправни. Сите возила што излегуваат од ЈСП се проверуваат“.
Техничкиот директор на ЈСП негира дека сега автобусите се поплавуваат при дождови. Според него, информациите се неточни.

„Се работи за енормна количина фејсбук-профили што се занимаваат со таа проблематика. Откога сум јас технички директор, а тоа е од пред Нова година, се судрив со написи во неколку портали за старите автобуси. Беше објавена фотографија од стар автобус што протекува. Таа слика беше стара 5 години. Ова раководство тоа не го заслужи. Најверојатно, се работи за фејсбук-манијаци, кои покажаа едно возило, кое беше празно, протекуваше, а внатре седеше жена со чадор. Таа слика е стара шест години. Ние сите дупки ги покривме, ги изолиравме со платички материи и тие сега не протекуваат“, вели Толевски, кој немаше коментар за проблемот со гумите што го имаат автобусите, но потврди дека сепак го има.

Толевски вели дека ЈСП не може секоја година да ги менува гумите на автобусите. За квалитетот на гумите, техничкиот директор вели дека се избирани по принципот најниска цена преку јавна набавка, па затоа тие имаат лош квалитет.

„Во текот на возењето може да се случат разни аномалии. Имаме возачи што се примени, а не се ни снаоѓаат со овие возила. Од нашата работилница излегуваат автобуси кои релативно ги исполнуваат стандардите. Најчести дефекти на линиите имаме поради гумите. Шoфeрот поради поради недостиг на уреа за селективна каталитичка редукција, не се чувствува сигурно поради тоа што му светнала некоја светилка и запира. Млади се, имаме одреден број, кои политички се примени, па се неискусни возачи“, вели техничкиот директор Толевски.

Васил Толевски вели дека во моментот ЈСП прави напор за набавка на автобуси што ќе возат со природен гас. Во тој момент од функција ќе бидат исфрлени старите автобуси, а очекувањата се дека тоа ќе се случи идното лето. Автобусите на гас ќе ги намалат трошоците на претпријатието, а граѓаните ќе видат што значат современи западни возила, вели Толевски.

Прикажи повеќе...

Daily news

(Видео) Ивановска: „Тоа е тој ‘опел’“

Објавено пред

По увидот на црвениот „опел“ во складот кај Миладиновци, адвокатката на оштетените, Дафинка Ивановска, рече дека спорните прашања што ги посочил Врховниот суд во пресудата за предметот „Монструм“, а кои се однесуваа на возилото пронајдено на 10-ина километри кај Смилковското Езеро, се расчистени.

„Тоа е тоа возило ‘опел омега’ во вишнова боја“, рече Ивановска. Адвокатката рече дека станува збор за возило со ист број на шасија како она што било наведено во вештачењето. „Ги има калниците, потпирачите на задните седишта…“ рече застапничката на оштетените.

Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, пак, рече дека изгледот на возилото не одговора со она од вештачењето и затоа рече дека ќе ги испитуват вештаците што го направиле вештачењето. Следното рочиште за предметот „Монструм“ е закажано за 19 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Почнува судењето за крвавиот четврток за Чавков и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за настаните од крвавиот четврток во 2017 година. На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста треба да се појават ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.

Обвинети, меѓу другите, се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началникот во МВР, Душко Лазаров, Митко Пешов, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Александар Василевски-Нинџа…

На обвинителна клупа ќе седнат и оперскиот певец Игор Дурловски, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски. Ќе им се суди и на двајцата вработени во УБК, Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои ги одзеле харддисковите со безбедносните видеоснимки од Собранието.

Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска, која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од 2 години за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Судијката закажа вкупно 38 рочипта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура18 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ19 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија20 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија21 час

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет21 час

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија22 часа

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет22 часа

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа1 ден

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести3 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Регион3 дена

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“. Летот од Ниш до Базел...

Досие