Контакт

Daily news

Албанскиот парламент со најмногу жени во демократската ера

Објавено пред

За првпат во него има 39 пратенички, што е највисоко ниво на застапеност на жените во законодаваниот дом на Албанија од 1992 година, кога беа спроведени првите повеќепартиски избори.

dobivaj vesti na viber

Во новиот албански парламент по изборите на 25 јуни, од вкупно 140 пратеници, 39 се жени или 27,85 отсто.
Ова е највисоко ниво на застапеност на жените во законодаваниот дом на Албанија од 1992 година, кога беа спроведени првите плурални избори.
Најмногу избранички се од редовите на Социјалистичката партија – 22, Демократската партија има 11 пратенички, Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) пет и една пратеничка е од Партијата за единство и правда (ПДИУ), која е избрана во Пешкопеја.
Социјалистите имаат пратенички од сите изборни единици, а во Тирана дури шест, демократите имаат пратенички од изборните единици воТирана, Валона, Скадар, Корча, Драч и Лежа, ЛСИ во Тирана, Драч и Елбасан.
Минатиот албански Парламент имаше 19 пратенички или само 13 отсто.
Во составот на новата влада на Еди Рама, како што објавија медиумите, жените ќе раководат со осум министерски места. Владата ќе брои 21 член, а ќе има двајца вицепремиери и 19 министри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа34 минути

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија1 час

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет1 час

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет1 час

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија2 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија20 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион21 час

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет22 часа

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...

Спорт1 ден

Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1,...

Економија2 дена

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија2 дена

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија2 дена

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет2 дена

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија2 дена

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...