Daily news
Албанските министри ќе бараат владин бојкот на Иванов?
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу од НДП, најавил за порталот „Порталб“ дека ќе бара на ниво на влада да се изгради заеднички став за односот кон претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
Фазлиу, исто како и новиот министер за здравство Арбен Таравари, не присуствувал денес на средбата на шефот на државата со членовите на новата влада поради тоа што Иванов го гледаат како одговорен што ескалираше ситуацијата во Парламентот кога се направи обид да се убие Зијадин Села.
Тој според „Порталб“ ниту потврдил ниту демантирал дека барањето ваков заеднички став на владата е најава за покренување на импичмент за шефот на државата во Парламентот. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
