Daily news
Анкета: лесна победа на Макрон во вториот круг
Емануел Макрон лесно ќе ја победи ултрадесничарката Марин ле Пен на претседателските избори во Франција на седум мај, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Пининвеи.
Сепак, рејтингот на Макрон во секојдневната анкета на Институтот денеска првпат забележа пад под психолошкиот праг од 60 проценти.
Според последните резултати за Макрон би гласале 59 проценти, а за Ле Пен – 41. Вчерашните резултати беа 60 наспроти 40 отсто. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
