Контакт

Daily news

Барса се врати во шампионската трка, Меси го замолкна „Бернабеу“ (Фото+Видео)

Објавено пред

Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал 3:2 (1:1) во 173-от првенствен дуел, одигран во рамките на 33.коло и се вратија во борбата за шампионската титула. „Ел Калсико“ го реши Лионел Меси во 92.минута, со својот 500-ти гол во дресот на Барселона.

Реал и Барселона го одиграа едно од најдобрите „Ел Калсика“ во последните неколку сезони, приредија уживање на милионскиот аудиториум, а покрај Меси, блескаа голманите на двата тима, Кејлор Навас (Реал) имаше седум, а Марк Андре Тер-Штеген (Барселона) неверојатни 11 одбрани.

Почетокот на натпреварот му припадна на Реал, кој кој притисна со сите сили кон голот на противникот. Барселона тешко се снаоѓаше со високиот пресинг на противникот, неможејќи да ја изнесе топката од својата половина.

На почетокот на втората минута Кристијано Роналдо падна во шеснаесетникот по стартот на Умтити, но судијата Хернадез не се огласи. Португалецот четири минути подоцна упати опасен удар, но Тер-Штеген одбрани.

Првиот обид Барселона го имаше во 11-та минута, но ударот на Луис Суарез заврши на дголот на Кејлор Навас. Нов обид имаше Кристијано Роналдо во 18-та минута но Германецот на голот на Барселона повторно одбрани. Четири минути подоцна Бејлс се обиде „од прва“ да го изненади Тер-Штеген.

Во 28-та минута по првиот корнер на натпреварот, топката дојде до Марсело, неговиот центаршут го испрати Серхио Рамос кој го погоди дирекот, но топката се одби до Каземиро кој ја врати во голот за 1:0.

Предноста на „кралскиот клуб“ траеѓе само пет минути, кога Ракитиќ испрати одлична топка до Меси, следуваше минијатура на Аргентинецот покрај Модриќ и Карвахал и рутинска реализиција за 1:1. Овој гол беше 499-ти за Меси во дресот на Барселона и воедно прв гол против Реал уште од 23.март 2014 година.

Во финишот на полувремето Реал остана без Герет Бејл, кој ја обнови повредата на бутниот мускул, поради која го пропушти четвртфиналниот реванш против Баерн.

Последната закан во првиот дел ја имаше Меси, но неговиот удар го изблокира Касемиро.

Слично како и во првото и второто полувреме Реал го започна со силен притисок кон голот на противникот. Најпрвин Пике во 48-та минута во последен момент успеа да реагира покрај Роналдо, а потоа две брилијантни интервенции на Тер-Штеген, најпрвин по ударот на репрезентативниот колега Крос, а потоа и по ударот на Бензема од пет метри.

На спортивната страна со две исклучителни интервенции се истакна Кејлор Навас, најпрвин го одбрани ударот на Пако Алкасер во ситуација „еден на еден“, а потоа од аголот го извади ударот на Пике со глава.

Нова шанса за Реал во 67-та минута, акцијата на Асенсио ја испрати Кристијано Тоналдо но ударот заврши над голот, а на спортивната страна Навас го спречи Луис Суарез да постигне гол.

Барселона го презеде водството на „Сантијаго Бернабеу“ во 73-та минута, кога Ракитиќ со лева испрати вистински проектил од 18 метри за 1:2.

Четири минути по водечкиот гол на Ракитиќ, Реал влезе во нови проблеми, Серхио Рамос со груб старт го спречи Меси да истрча во контранапад и судијата Хернандез му покажа директен црвен картон.

Пике во 80-та минута ја имаше шансата на натпреварот, беше во „мртва шанса“, но Кејлор Навас одбрани и го остави Реал во игра.

Во моментите кога Реал беше во амбисот, Зидан во игра го внесе Хамес Родригез, а Колумбиецот само две минути по влегувањето во игра, по асистенцијата на Марсело успеа да израмни на 2:2.

Потоа во самиот финиш Реал се обиде да стигне и до трите бода, со играч помалку, виско го напаѓаа противникот и тоа им се одмазди.

Серхио Роберто влечеше една топка 50-тина метри, додаде до Андре Гомеш овој до Алба, кој одигра повратна за Меси, а Аргентинецот со својот 500-ти гол во дресот на Барселона донесе голема победа за „блауграна“ и ја врати неизвесноста во шампионската трка.

Барселона и Реал по 33.кола се израмнети на врвот со по 75 бода, но „кралскиот клуб“ има натпревар помалку. Во случај сезоната да ја звршат со ист број на бодови титулата ќе оди кај тимот кој има подобар меѓусебен скор, а во случајов тоа е Барселона. крај/мф/нц

https://www.youtube.com/watch?v=FTPxORAlT0Y



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија2 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија2 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион2 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија3 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија3 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија4 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија4 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија5 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа6 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа6 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет7 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија7 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија8 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија21 час

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија21 час

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија22 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет23 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија1 ден

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Досие