Daily news
Белата куќа: Трамп само го следеше протоколот на НАТО за фотографирањето
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, го прокоментирал непријатниот инцидент кој се случи помеѓу американскиот претседател Доланд Трамп и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, објаснувајќи дека „Трамп само го следел протоколот“, пренесуваат светските агенции.
За време на отворањето на зградата на новото седиште на НАТО, Трамп нагло го оттурна Марковиќ, кој стоеше пред него. Видеоснимката од инцидентот потоа брзо се рашири на социјалните мрежи и збуни многу корисници.
„Не ја видов таа снимка“, рекол Спајсер истакнувајќи дека местото на лидерите на земјите членки на НАТО за фотографирањето е однапред утврдено и Трамп само го следел протоколот.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, пак, рече дека дури на социјалните мрежи забележал дека бил оттурнат од страна на Трамп за да може тој да застане во првиот ред./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
