Контакт

Daily news

Битката со пожарите се уште трае

Објавено пред

Пожарот во скопското село Моране, општина Студеничани, се уште е активен. Во гасењето се вклучени 20 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, делува еден хеликоптер и авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Се уште е активен и пожарот во атарот на селото Требовље, кој сега е префрлен во месноста викана Фојник и оди кон село Близанско. Пожарот е на отворен простор, а запалена е сува трева и лисната постилка од борова шума. Во гасењето се ангажирани 45 лица.

Кон селата Калуѓерец и Могилец гори сува трева и нискостеблесна шума. Пожарот го гасат 28 лица и тој зафатил две стари куќи.

Во скопското село Радуша гори нискостеблесна шума. Пожарот оди преку сртот кон селото Бојане, општина Сарај. На терен е Територијалната противпожарна единица со две возила.

Во општина Чашка, на планински предел во селата Лисец и Јаболчиште активни се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На планинскиот предел во селото Дреново, Велешко, активен е шумски пожар на непристапен терен за гасење.

Кај селото Копанце, Тетовско, гори сува трева по сртот на планината Жеден и не е зафатена шума. На терен се ангажирани лица од Територијалната противпожарна единица.

Во атарот на село Гургурница гори сува трева и пасишта, но постои можност да зафати и дел од високата шума. Пожарот е дојден од страна на Македонски Брод и горат пасишта. Пожарот се шири кон селото Корито, општина Гостивар. На терен се ангажирани лица од Територијалната противпожарна единица.

ДЗС информира дека под контрола се ставени неколку пожари. Ставен е под контрола пожарот во атарот на село Девич, месноста викана Попец. Пожарот, кој беше на отворен простор, зафати сува трева и ниско стеблеста шума со 10 хектари.

Под контрола е ставен и пожарот во селото Растеж, каде беше запалена сува трева и лисната постилка од борова шума.

Под контрола е шумскиот пожар во селото Богомила, општина Чашка. Ангажирани се осум вработени и авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на вчерашниот ден, како што соопшти ДЗС, изгасени се пожарите во Ресен и во Кратово.

Во гасењето на пожарот во атарот на село Јанковец, Ресен, во непосредна близина на манастирот „Св.Богородица“ биле ангажирани 86 лица. Пожарот зафатил три хектари дабова шума и сува трева.

Во атарот на село Трновац, Кратово, била запалена сува трева и нискостеблеста шума на два хектари.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека е во состојба на зголемена будност.

– Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент, доколку има потреба, да ангажираат тимови за брз одговор за гасење пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, се вели во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет6 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија8 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...