Daily news
Британскиот дипломат Пирс на средби со државниот и политичкиот врв
Политичкиот директор при министерството за надворешни работи на Обединетото кралство, Карен Пирс е во посета на Република Македонија.
Според информациите од македонското Собрание таа попладнево ќе има најпрвин одвоена средба со новиот претседател на Собранието Талат Џафери, а потоа ќе оствари заеднички состанок со лидерот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ДУИ Али Ахмети, Весел Мемеди од Коалицијата „Алијанса за Албанците“и Билал Касами од БЕСА.
Се уште нема потврда дали преставничката на британското МНР ќе има средба со Никола Груевски или некој друг функционер на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
