Daily news
Бројот на заболени од канцер во Косово зголемен за 35 отсто
Клинката за онкологија извести дека во првите шест месеци годинава е забележан енормен раст на заболени од канцер.
Клинката за онкологија во Приштна ваквите бројки ги оцени како загрижувачки, бидејѓи имало недостиг на лекови за хемотерапија, а апаратите со кои работат се застарени.
Се чувствува голем недостиг и од персонал, посебно од медицински сестри. Надежите на раководството на Клиниката сега се вперени во новата Влада и новиот министер за здравство, очекувајќи од него помош во овој сектор.
Според проценките направени од соодветна комисија, потребни се најмалку 50 милиони евра за набавка на нова апаратура и дополнителен буџет за нејзино одржување.
Минатата година во Косово биле регистррани 1.238 нови случаи на заболени од канцер, што е за 430 повеќе споредено со претходната 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
