Daily news
Вашингтон: На Трамп сепак му беше чест да му биде домаќин на Абас
Два дена откако мистериозно исчезнаа твитовите од приватниот Твитер профил на американскиот претседател Доналд Трамп, Белата куќа соопшти дека иако не знае зошто тие биле избришани, претседателот сепак свои зад своите првобитни ставови дека „му било чест“ да биде домаќин на палестинскиот лидер Махмуд Абас, пренесуваат светските агенции.
Твитовите беа отстранети во средата, набрзо откако Абас ја напушти Белата куќа и додека тој беше на состанок со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
„Чест ми беше да му бидам домаќин на претседателот Махмуд Абас. Се надевам дека ќе произлезе нешто извонредно помеѓу Палестинците и Израел“, гласеше еден од твитовите на Трамп. Израелските медиуми пренесуваат дека можеби поради одреден непотребен збор, твитот бил избришан.
Портпаролот на американскиот Национален совет за безбедност изјавил дека Белата куќа не го променила своето мислење за Абас, потврдувајќи дека тие „стојат зад направените пораки“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
