Контакт

Daily news

Велигденска честитка од Бискупот Киро Стојанов: да бидеме утеха и надеж во ова време со драматични настани

Објавено пред

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден, упати велигденска честитка до граѓаните на РМ од католичка вероисповед.

dobivaj vesti na viber

– Драги браќа и сестри, драги верници, луѓе со добра волја. Празнуваме ден во кој се сеќаваме на Христовото Воскресение, настан што не допира ниту една од експерименталните науки, а фактот на побожествување на материјата тука на земјата ја надминува нашата способност за поимање. Празнувајќи го Христовото Воскресение – Велигден, ние во себе го празнуваме новиот човек кој е зачнат со крштевањето и кој ги живее таинствата на Црквата, а пред сe Евхаристијата. Бидејќи Велигден е ден на обнова така секој христијанин застанува пред својата совест и одговара пред Бога и пред заедницата за тоа што му носи годишниот спомен на Христовото воскресение.

Обраќајќи Ви се вам, драги верници, се обраќам и до сите луѓе со добра волја, и посакувам од Бога нова светлина со која ќе биде осветлено нашето секојдневие. Живеејќи го автентично христијанството да бидеме утеха и надеж во ова наше време со бројни драматични настани и со својата непоколеблива вера и нејзината единствена пракса, а тоа е љубовта кон Бога и ближниот, да бидеме сведоци дека Христос со своето воскресение и денес нѐ охрабрува, нѐ обновува, нѐ чисти и нѐ поставува да бидеме макар и само мала светлина во мракот на време во кое сме.

Сведоци сме на настани што нѐ исполнуваат со вознемиреност и ни предизвикуваат страв, но ние имаме надеж втемелена врз фактот на воскресението ние како обновени, нови луѓе со својата вера и молитвите сакаме да придонесеме во тоа што ние не можеме да го решиме, да го решава Бог.

Посакувам на сите срцата да ви бидат допрени со таа светлина, а во очите да го имате оној сјај што јасно порачува дека Христос воскресна, и дека Христос живее сега и тука, а ние тоа го сведочиме. Нека е благословено Христовото воскресение – Христос воскресе!, се вели во велигденската честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. крај/мф

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во...

Македонија1 час

Опасност од зарази по поплавите – надлежните со упатства за граѓаните и одгледувачите на животни

Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова со честитка: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати

Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните,...

Свет3 часа

Венс: Мировниот план мора да го зачува украинскиот суверенитет

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс порача дека мировниот план за Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет. Претседателот Доналд Трамп...

Свет3 часа

Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го...

Македонија3 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²...

Македонија15 часа

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Свет16 часа

Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина

Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде...

Топ16 часа

Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Свет16 часа

Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати...

Регион17 часа

Припаѓате во ЕУ со полнo правo: Кос до земјите од Западен Балкан

Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од...

Македонија22 часа

Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови

Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија22 часа

Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентира резултати...

Топ22 часа

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа...

Македонија23 часа

(Видео) Манасиевски: Со барањето за зголемување на платите еден судија би примал 160.000 денари, а претседател на суд 360.000

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае...

Свет24 часа

Европа за планот на Трамп за Украина: „Тоа е списокот на желби на Путин“

Европските претставници го отфрлија најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор, што е во корист на Москва,...

Свет1 ден

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно побргу да го прифати мировниот план што администрацијата на...

Македонија1 ден

ЦУК: Поради обилните врнежи, зголемени водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија1 ден

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ....