Контакт

Daily news

Величковски учествуваше на конференција на Началници на ГШ на балканските земји

Објавено пред

Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски учествуваше на единаесетта по ред конференција на Началниците на ГШ на балканските земји, која се одржа денес во Атина, Република Грција.

Темите на дискусија на конференцијата беа пред се поврзани со севкупната геополитичка стабилност во југоисточна Европа и облиците на меѓусебната воена соработка во справување со безбедносните предизвици во регионот и безбедносните закани поврзани со нелегалната миграција и разните облици на меѓународниот тероризам.

Генералот Величковски за време на форумот оствари билатерална средба со командантот на НАТО командата во Неапол, адмирал Мишел Хоуард. На средбата се разговараше за континуираниот и интензивен процес на одбранбени подготовки на АРМ за членство во НАТО алијансата, зголемување на способностите на АРМ, интероперативноста и придонесот во меѓународни операции.

Помеѓу останатото генералот Величковски во одвоени разговори со НГШ од Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и со останатите свои колеги разговараше за идентификување на можностите, облиците и мерките за зајакнување на понатамошната воената соработка.

На конференцијата на НГШ на балканските земји учествуваа началниците на генералштабови од девет балкански земји членки (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора) и највисоки воени претставници на НАТО и ЕУ воените комитети и НАТО командата во Неапол, како и НГШ на Словенија и Хрватска во улога на гости на конференцијата.

Оваа активност креирана во вид на форум која се одржува еднаш годишно со ротирачки циклус на земја домаќин, претставува особено значаен механизам за соработка на полето на одбраната и промоција на регионалната безбедност на која се разменуваат идеи и произлегуваат иницијативи и приоритети за подобрување на меѓусебната координација и изнаоѓање на поконкретни и ефективни начини во понатамошна соработка и поврзаност.

Армијата на Република Македонија останува промотор на регионалната воена соработка и дијалог, давајќи значаен придонес во рамките на сите регионални иницијативи и одбранбена соработка – се вели во соопштението на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт20 минути

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија31 минута

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија1 час

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт2 часа

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија2 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника2 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион2 часа

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...