Контакт

Daily news

Венециската комисија ќе одлучува за двојазични банкноти, униформите на АРМ и за хартиите од вредност

Објавено пред

Двојазични банкноти, униформи на АРМ и хартии од вредност се трите спорни прашања што од Владата одлучиле да ги испратат на оценка од Венециската комисија пред да ги вметнат во предлог-законот за јазиците. Ако се добие позитивна оценка, и тие три одредби ќе бидат додадени во законот, соопшти вицепремиерот Бујар Османи.

Во предлог-законот кој е објавен на страницата на Министерството за правда, сепак има одредба со која се регулира прашањето за униформите, но се однесува на полицијата, здравството и пожарникарството. Тие ќе бидат двојазични, но само во општините каде што има повеќе од 20 отсто Албанци. Тоа се однесува и на поштенските марки и уплатниците. Во член 8 се наведува и: (1) Книжните и кованите пари, како и поштенските марки, ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото
писмо.

Предлог-законот предвидува и парични казни од 4 до 5 илјади евра. Па, така, во член 22 пишува: Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на органите наведени во член 1, став (3), член 2 (став 3), како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. (2) Глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното и одговорното лице во органите од став 1 на овој член.

Инаку, според предлог-законот за употреба на јазиците, покрај македонскиот јазик, кој е службен на целата територија на Република Македонија, службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, односно албанскиот. Во сите органи на државната власт, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации, комисии, службен јазик, покрај македонскиот,  ќе биде и албанскиот. А истото важи и за единиците на локалната самоуправа.

За спроведувањето на законот ќе бидат издвоени 106 милиони денари од буџетот за 2018 година, од кои 16 милиони денари ќе се издвојат за формирање агенција и инспекторат за јазици.

Г.Н.Р

Најново

Спорт24 минути

Меси со емотивна порака пред финалето: Што и да се случи, веќе испишавме историја

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале,...

Спорт31 минута

Вечерва се игра големото финале на СП: Шпанија против Аргентина

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското...

Спорт45 минути

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт49 минути

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт59 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура1 час

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт11 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...