Daily news
Весел Мемеди: Ако платформата е противуставна притворете не
„Вие не држите овде притворени, не блокирате и ни држите тези кои не држат вода. Ако заедничката декларацијата на албанските партии е противуставна тогаш притворете не, а не да барате нови избори„, порача пратеникот на Алијанса за Албанците, Весел Мемеди обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Ниту вие ниту вашите бетмени да не ја бранат државата. Вие што помалку ја браните Македонија тоа подобро, помалку шамари ќе добие државата. Ако декларацијата е против уставна, го нарушува суверенитетот на државата тогаш треба да покренете постапка и да не затворите, а не овде да не држите. Наместо да го направите ова, вие барате нови избори„, рече пратеникот Мемеди.. крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
