Daily news
(Видео) Суперкуп: Мурињо го подари медалот
Жозе Мурињо, менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, и во Скопје ја продолжи традицијата да ги подарува медалите што ги добива во финалните натпревари.
Контроверзниот Португалец, по поразот на Манчестер јунајтед од Реал (1:2), синоќа во Скопје, сребрениот медал му го подари на едно момче.
„За момчето ова е остварување на сонот, нешто неверојатно, нешто што засекогаш ќе го памети. Јас медалите секогаш ги подарувам, тие ништо не ми значат ниту кога победувам, а можете да замислите како е кога губам“, рече Мурињо. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
