Контакт

Daily news

Владата ќе ја обнови електромрежата со 50 милиони евра

Објавено пред

Во Владата денеска беше потпишан договор меѓу МЕПСО и конзорциумот „Сименс и Сискон“ за ревитализација на 400/110 kV трансформаторската станица „Дуброво“ и со тоа започна среднорочниот инвестициски циклус за ревитализација на повеќе трансформаторски станици во преносната мрежа, изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид и за изградба на седум нови далноводи во Македонија. Договорот за ревитализација на ТС „Дуброво“ го склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Срдан Срдановиќ, претставник на конзорциумот „Сименс и Сискон“. На свеченоста присуствуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој во оваа пригода во своето обраќање истакна:

„Со потпишувањето на овој договор Владата започнува со агресивна реализација на најавените инвестиции во електроенергетскиот сектор. Владата најави и ќе го реализира ветеното за вложување во капитални инвестиции, односно дека ќе работи на создавање квалитетна инфраструктура, со која ќе се подобрат условите за работа и ќе се подигне конкурентноста на македонското стопанство. Енергетиката е еден од главните столбови на кои ќе се фокусираме и денеска го започнуваме инвестицискиот циклус во оваа насока“, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

Во своето прво обраќање до јавноста, Василевски, генералниот директор на МЕПСО, истакна дека МЕПСО започнува среднорочен инвестициски циклус со проекти за ревитализација на повеќе трансформаторски станици и изградба на седум нови далноводи во земјата вредни повеќе од 50 милиони евра.

„Со проектот за ревитализација ќе ја замениме постојната, која е во функција веќе 40 години, со нова опрема. Оваа трансформаторска станица е срцето на електропреносниот систем и затоа е приоритет во целиот овој проект“, потенцира Василевски.

Срдан Срдановиќ, претставникот на конзорциумот изведувачи, соопшти дека со овој проект ја продолжуваат соработката со МЕПСО во успешна реализација на проекти за изградба и ревитализација на трансформаторски станици, како што беа: ТС „Штип“, ТС „Петровец“, ТС „Скопје 5“, ТС „Скопје 4“, ТС „Тетово 2“.

За реализација на овој проект на меѓународен тендер за најповолен понудувач е избран конзорциум составен од „Сименс Белград“ од  Србија и „Сискон“ од Македонија. Вредноста на договорот е 4,6 милиони евра, а се финансира од три извори, и тоа: сопствени средства на МЕПСО, грант од Western Balkans Investment Framework и заем од Европската банка за обнова и развој.

Ревитализацијата на ТС „Дуброво“ ќе трае три години. Реализацијата на овој проект ќе обезбеди поголема сигурност и доверливост во работењето со високонапонската опрема, мониторинг во реално време, навремено детектирање и превенција на дефекти и оптимизација во управувањето со електропреносниот систем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 час

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија2 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија3 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија3 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет3 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет3 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет14 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија16 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија19 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт20 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија21 час

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија21 час

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија21 час

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија22 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија22 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија23 часа

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет1 ден

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија1 ден

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет1 ден

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Досие