Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема никаква корист од ветувањата дадени од СДС

Објавено пред

 

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека народот нема никаква корист од ветувањата дадени од СДС се додека таа партија не престане да се однесува како опозиција.

„Народот очекува конкретни проекти и исполнување на предизборните ветувања. Граѓаните од СДС ги очекуваат и новите 500 километри автопат кои им ги вети, но и економскиот раст од 5% годишно, како и повратот на 15% од ДДВ. Граѓаните ја очекуваат и евтината струја.

Владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ со својата работа и со постојано реализирање на нови проекти успеа да создаде подобри услови за отворање на нови работни места. Најдобар доказ за тоа се новите работни места кои во изминатите години постојано се отвара. Во 2006 година невработеноста беше рекордни 38 %, а во првата половина на 2017 година таа е на рекордно ниски 22,9 %. Според Заводот за статистика во Република Македонија вработени се 734.000 граѓани, а во 2006 бројот на вработени беше 560 000 што значи дека во изминатиот период додека ВМРО-ДПМЕН ја предводеше Владата се отворени нови 174 000 работни места.

Само во однос на претходната година во услови на наметната политичка криза има 20.000 повеќе граѓани кои се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000.

Затоа време е СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле. Граѓаните од нив тоа го очекуваат. Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања„ се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Бод за Јувентус на Сардинија

Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А. Вечерва, Каљари не...

Спорт6 часа

Хамилтон по трката во Сингапур завршил на медицински прегледи

Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Луис...

Спорт7 часа

(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната...

Спорт7 часа

(Видео) Милан ремизираше со Сасуоло

Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник...

Спорт7 часа

(Видео) Сити со играч повеќе победи на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Ливерпул со 3:0 во дербито на шестото коло од Премиер лигата, прво за „граѓаните“...

Свет7 часа

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот...

Македонија8 часа

Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд....

Свет8 часа

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи...

Црна хроника9 часа

МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола

МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против...