Daily news
Во сообраќајка во Црна Гора петмина загинати
Во сообраќајна несреќа меѓу два автомобила, која се случи на заобиколницата крај Голубовци во Црна Гора има загинато пет лица, додека две се во критична ситуација.
Тешката сообраќајка се случила денеска околу 15.30 часот, јавуваат црногорските медиуми.
На лице место починале четири лица, додека едно им подлегнало на повредите во Ургентниот центар во Подгорица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
