Daily news
Во тек е средба Заев-Касами, се чека епилог дали БЕСА влегува во владата
Во тек е средбата помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на БЕСА, Билал Касами, на која се разговара за усогласувањето на владината програма и евентуалното учество на БЕСА во владата.
Заедно со Зоран Заев се и Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска, а од страна на БЕСА, Зекирија Ибрахими. Познато е дека БЕСА испрати барања до СДСМ, кои според извори на Макфакс се преголеми за СДСМ. По завршувањето на денешната средба, се очекува да се знае дали БЕСА ќе биде дел од новата влада или не.
Пред средбата во Собранието, лидерот на СДСМ и мандатор за состав на нова влада, Зоран Заев, рече дека е извесно оти до вечер и до утрешниот конгрес на партијата, нема да биде составен новиот владин кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
