Контакт

Daily news

Врховниот суд одредил три термини за јавна седница за случајот „Монструм“

Објавено пред

Три термини одредил Кривичниот совет на Врховниот суд како можен датум за одржување на јавната седница за случајот “Монструм“. Како што изјави претседателот на Врховниот суд за Макфакс, сите три се во втората половина на мај: 18,22 или 30. Конечната одлука ќе биде донесена во вторник и ќе зависи од обезбедувањето технички и безбедносни услови.

Во моментов, се чини, најголем проблем е да се реализира идејата за видео-линковско пренесување на седницата,заради огромниот интерес на јавноста за овој случај, кој доби и политички импликации. Според замислата на претседателот на Врховниот суд, судењето во големата сала на највисокиот суд,која собира околу 150 лица, требаше да се пренесува  линковски во некоја голема сала во близина ,со цел  оттаму да можат да  го следат сите заинтересирани граѓани.

Претседателот на Судот, Вангеловски, веќе стапил во контакт со деканот на Правниот факултет, Горан Коевски, со барање да им се отстапи големиот амфитеатар. Но, по направените консултации со ректорот, од Факултетот добиле  негативен одговор. Главната причина за тоа била неможноста  да се обезбеди ефикасна безбедносна заштита на сите пет излези на студентскиот кампус, но, пред сè, нарушување на автономијата на универзитетот со големо присуство на полициски сили.

(крај/макфакс/гд)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава8 минути

Сакале или не, ќе доживеат големи промени: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на летото

Владеењето на Ракот започнува на 21 јуни и носи период во кој некои долгоочекувани работи конечно почнуваат да се спојуваат....

Спорт31 минута

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника38 минути

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника42 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија43 минути

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...

Македонија46 минути

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...

Македонија49 минути

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за...

Македонија51 минута

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт...

Спорт52 минути

Каролина го освои Стенли Купот

Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас...