Daily news
Гонзалес го објави составот за ЕХФ-неделата
Македонскиот селектор Раул Гонзалес го објави списокот на ракометарите што ќе присуствуваат на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ-неделата.
В понеделник, 23 октомври, во хотелот „Александар палас“ се повикани 21 ракометар, а меѓу повратниците во составот е играчот на Бешикташ, Немања Прибак.
ЕХФ-неделата ќе се искористи за формирање на тактиката на тимот, но и за почеток на подготовките за Европското првенство во Хрватска во јануари.
СОСТАВ НА МАКЕДОНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
