Контакт

Daily news

Гостиварец со туѓи картички си купувал мобилни телефони преку интернет

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на РМ до Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Р. за сторено кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка по член 274-б ст. 3 вв ст. 2 предвидено и казниво според Кривичниот законик на Република Македонија. Истиот со намера да се стекне со противправна имотна корист во октомври минатата година со фалсификување платежни картички на странски државјани купувал мобилни телефони преку интернет продажба.

Имено пријавениот Ф.Р. со намера да се стекне со противправна имотна корист на интернет прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички, односно од носителите на странски платежни картички, со кои извршил повеќе успешни нелегални трансакции на интернет-страница, при што на 21.10.2016 година купил три мобилни телефони. На овој начин пријавениот Ф.Р. извршил една успешна нелегална трансакција во вредност од 183.597 денари со што сторил кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка согласно член 274-б ст.3 вв ст.2, предвидено и казниво според Кривичниот законик на Република Македонија.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика од Ф.Р. бил одземен еден од трите мобилни телефони кој бил доставен и нарачан со фалсификувана платежна картичка.

Од анализата на вештачењето од неговиот личен мобилен телефон претходно одземен со потврда за привремено одземени предмети било констатирано дека пријавениот преку социјалните мрежи остварувал комуникација со други лица во врска со извршување на нелегални трансакции со фалсификувана платежна картичка, како и околу порачки со истите платежни картички на компјутерска опрема и мобилни телефони. Исто така, во комуникацијата зборувал за нелегалната трансакција со која се поврзани трите мобилни телефони и дека во иднина ќе продолжел да ги нарачува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет10 часа

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Свет13 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија15 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија16 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија17 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион19 часа

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија20 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа20 часа

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет21 час

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ21 час

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет22 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија23 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет1 ден

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион1 ден

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија2 дена

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија2 дена

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија2 дена

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ2 дена

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија2 дена

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Досие