Daily news
Две години од упадот на специјалците во библиотеката „Браќа Миладиновци“
Денеска, 5 мај, се навршуваат две години од насилниот упад во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ кога студенти кои подготвуваа испити во доцните вечерни часови беа нападнати поради граѓанскиот револт изразен преку протестите за правда и мир.
Протестот почна откако СДСМ на 5 мај 2015 година ги објави „бомбите“ кои открија нови сознанија за убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски во 2011 година од припадник на специјалната единица „Тигри“ и обидот да се прикрие неговата смрт и да се избегне политичка одговорност.
Семејството преку повик побара правда, одговорност и оставка од Владата со протест пред седиштето на Владата каде подоцна полицијата со оклопни возила и водени топови ги избрка демонстрантите низ улици во центарот на градот.
Три дена по крвавиот 5 мај следуваа масовни и мирни протести во повеќе градови. Веднаш потоа почнаа протестите за Шарената револуција.
Мф/ВМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
