Контакт

Daily news

Денеска Врховен ќе одлучува за „судбината на бомбите“ на СЈО

Објавено пред

Врховниот суд за денеска го закажал продолжението на општата седница на која ќе се разгледуваат двата реферати на првиот човек на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски, дознава Макфакс. На седницата треба да се расправа за тоа дали прислушуваните материјали можат да бидат користени во доказната постапка и за барањето за заштита на законитоста поднесено од државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Продолжението на седницата беше одложено на неодредено време, поради болест на неколку судии. Макфакс дознава дека судиите Лидија Неделкова и Исамедин Лимани нема да учествуваат во расправата, заради тоа што поранешната судијка е веќе изземена од Кривичниот совет кој треба да одлучува по предмет на СЈО, а нејзиниот колега се повлекол самиот, затоа што има ќерка вработена во обвинителството на Јанева.

Вангеловски во првиот реферат сугерира исклучување на прислушуваните разговори како доказ во постапките. Како аргумент, користи две претохдни постапки во кои Врховен наложил да се отстранат докази бидејќи биле незаконски, меѓу нив, eдната е против поранешниот градоначалник на општината Аеродром, Кирил Тодоровски. Но, тогаш прислушуваните разговори биле одбиени како доказ бидејќи осудените прво биле под истрага за потешки кривични дела, а биле осудени за кривични дела за кои не е дозволено прислушување.

Првиот човек на Врховен им посочува на неговите колеги дека Законот за СЈО стапил покасно во правна сила од Законот за кривична постапка и спрема тоа, законодавецот можел тоа да го предвиди како посебен член. Вангеловски посочува дека јавниот обвинител е државен орган, додека Законот за СЈО пропишува само гонење на сторители на кривични дела.

Расправата по овие две точки предзвика жестока дебата на седницата што започна пред Велигденските празници, поради спротиставените мислења на судиите. Дел сметаат дека право да поднесува барање за заштита на законитоста има само специјалната обвинителка Катица Јанева заради автономниот статус одреден во Законот за СЈО, додека останатите се повикуваат на Законот за кривична постапка, во кој единствено право да го поднесува овој вонреден правен лек има само државниот јавен обвинител.

Васко Маглешов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет8 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет8 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет8 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет9 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника9 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија10 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...