Контакт

Daily news

Денови на шведска храна од 7 до 16 јуни

Објавено пред

Оваа година, под мотото „Try Swedish!“, во ресторанот Дистрикт, од 7 до 16 јуни, ќе може да се вкусат интересни шведски рецепти.

dobivaj vesti na viber

Во текот на деновите на шведска храна во Македонија ќе може да се пробааат разновидни рецепти – традиционални јадења како шведски ќофтиња со лингонбери бобинки, мариниран лосос со сос од сенф и копар, но и иновативни десерти како свежи малини со крем од лимон и пуслици со екстракт од сладок корен. Менито кое ќе се служи е креирано од шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон, кој, меѓу другото, е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Со желба да ја запознае македонската јавност со вкусовите на шведската кулинарска култура, амбасадата на Шведска веќе трета година по ред организира денови на шведска храна.

Денеска шведската кујна е карактеристична по синергијата помеѓу традицијата и иновативноста, по фузијата помеѓу нејзината дизајнерска едноставност и уникатните, маркантни вкусови, како и по одржливото производство на храна.

Настанот „Денови на шведска храна“ е поддржан од компанијата Сивус и од ресторанот Дистрикт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ39 минути

Почина двегодишно дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје. Основното јавно обвинителство...

Топ1 час

Поднесено обвинение за скопјанецот кој усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на...

Македонија2 часа

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола, обвинети се директори и раководители

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани...

Свет3 часа

Родители на исчезнат тинејџер: „Нарачаа шише шампањ со прскалка, минута или две подоцна се случи апокалипсата“

Родителите на 16-годишен тинејџер кој исчезна по смртоносниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана се надеваат дека нивниот...

Свет3 часа

Мамдани положи заклетва на Куранот и стана првиот муслиман градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани вчера официјално ја презеде функцијата градоначалник на Њујорк, ветувајќи за време на јавната церемонија на положување заклетва...

Свет3 часа

(Вознемирувачко видео) Луѓе бегаат во паника од пожарот во Швајцарија

Снимка што кружи на социјалните мрежи покажува луѓе како бегаат во паника од барот во ски-центарот во Швајцарија во кој...

Македонија13 часа

Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на...

Македонија14 часа

Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: И во април 2026 ќе има линеарно зголемување на пензиите, со тоа се намалува сиромаштијата кај оваа група граѓани

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето...

Топ21 час

МВР со детали за убиството во Старата скопска чаршија: загина маж од Турција

Денеска во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот...

Македонија21 час

Двегодишно дете во животно загрижувачка состојба, Тошковски потврди дека случајот е под истрага

Новогодишната ноќ низ целата држава поминала мирно, а за стабилна безбедносна состојба на терен имало засилено полициско присуство, информираше денеска...

Свет22 часа

(Видео) „Пиротехника поставена на шишиња со пијалоци го запалија таванот, а потоа се појави паника“: сведоци ги опишаа деталите од трагедијата на новогодишната ноќ во Швајцарија

Сведоците на трагедијата во барот „Le Konstelasion“ во Кран-Монтана тврдат дека пожарот, во кој загинаа повеќе од десетина луѓе, а...

Свет23 часа

Зеленски: Мировниот договор е 90 проценти завршен, но клучните десет, одлучуваат сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата изјави дека Украина сака крај на војната, но не по...

Македонија23 часа

Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на...

Македонија24 часа

Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров

По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во...

Македонија1 ден

На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје,...

Свет1 ден

Двајца тинејџери загинаа поради пиротехника во Германија

Двајца 18-годишници загинаа во германскиот град Билефелд по несреќа со рачно изработен огномет, соопшти локалната полиција. Во еден од двата...

Свет1 ден

Мерц: Војната во Украина е дел од планот на Русија против Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека војната во Украина директно ги засега европските земји, вклучително и Германија, бидејќи е дел...

Македонија2 дена

Јадете 3 до 4 часа пред спиење, умерено со алкохолот и без петарди – совети за безбеден дочек на Новата година

Новогодишните празници носат промени во секојдневниот ритам, но и зголемени здравствени ризици доколку не се внимава на исхраната, консумацијата на...

Македонија2 дена

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...