Контакт

Daily news

Димитров со упорност ќе го решава спорот со Грција

Објавено пред

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, во пресрет на посетата на Никос Коѕијас утре на Скопје ја повика официјална Атина да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи. Тој е убеден дека со упорност и со отвореност ќе ја придобие довербата на Грција за која, според него, исто така е важно Македонија да успее и има стабилен и просперитетен сосед.

dobivaj vesti na viber

„Грција е постара демократија од нашата, член е на ЕУ и НАТО и има многу важна геостратешка позиција во регионот. Мислам дека може да игра важна улога во зацврстување и
во туркањето на целиот регион на Балканот. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи“, изјави Димитров на маргините на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“, која се одржува во Скопје.

Главна тема на разговорите со Коѕијас се очекува да бидат можностите за проширување на мерките за градење доверба. „Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Имаме досега најголема делегација од 15 претставници која денеска се враќа од Атина, а целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области, да се направат пореални и да се имплементираат“, рече Димитров.

Посочи дека се направени два клучни чекора што не се директно поврзани со разликата за името, но ги отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија посочувајќи на договорот со Бугарија и на осудата на потегот на нашиот конзул во Торонто, што ја испровоцира Атина.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа12 часа

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа12 часа

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ13 часа

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет15 часа

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија16 часа

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија16 часа

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија17 часа

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Македонија19 часа

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија19 часа

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет21 час

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет22 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет22 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет22 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија22 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет1 ден

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија1 ден

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ2 дена

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија2 дена

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...