Контакт

Daily news

Донев: Парите сè уште не се вратени, но ќе бидат донирани

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, вели дека нема законска можност да ги врати парите во буџетот, кои тој рече дека ќе ги плати од свој џеб кога во јавноста беше обелоденето дека до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис-класа, за 4.000 евра. Донев, кој претходно вети дека ќе ја надомести разликата во цената од бизнис до економска класа, за „Макфакс“ вели дека не се премислил за парите, ќе ги донира и за тоа дополнително ќе ја информира јавноста.

– Во договор и во соработка со Mинистерството за труд и социјала знам дека се работи на соба за деца со посебни потреби, па парите ќе бидат донирани за таа намена, но кога ќе се случи тоа, јавноста ќе биде информирана – изјави Донев.

Името на директорот на Aгенцијата за туризам деновиве повторно е цел на критики во медиумите дека потрошил 7.000 евра за патување во Албанија. Тој ги демантира информациите и вели дека во Тирана бил службено на конференција, каде што за едно ноќевање во хотел платил 50 евра.

– Вистината е дека во Тирана не бев за авантура, туку по покана на премиерот на Албанија и министерот за туризам и присуствував на конференцијата за авантуристички туризам што имав излагање на тема „Потенцијалите на авантуристичкиот туризам на Балканот и регионалната соработка“. По работниот ден завршен тука, со автомобил стигнав во Тирана доцна вечерта. Набрзина вечерав паста во едно мало место веднаш до хотелот, во кој за едното ноќевање платив 50 евра. Наредниот ден беше конференцијата и веднаш по завршувањето, се вратив во Скопје – вели Донев.

Како пример за функционери што трошеле нерационaлно и нетранспарентно беа посочени и членовите на Државната изборна комисија. Тие под силен притисок на јавноста поднесоа оставки, така што некои од нив, меѓу кои претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ги донираа парите, а други одлучија да ги вратат парите во државниот буџет. Оставките во ДИК следуваа кога американскиот амбасадор Џес Бејли ги посочи како пример за корупција затоа што зад затворени врати си поделиле дополнителен надомест во износ од четири плати за ангажманот за последните локални избори, односно 12 плати бонус за изминатите 18 месеци.

Г.Н.Р

Најново

Култура11 секунди

Промоција на книгата „Септемвриска тетратка“ од Гордана Михаилова Бошнакоска во КИЦ

Во Културно информативниот центар – Скопје, на 17 септември 2026 год. во 19:19 часот Салон -Империјал 1 ќе се оддржи...

Забава23 секунди

Жените полудеа по 50-годишниот актер: Го прогласија за „најсекси губитник на Еми“

Актерот Шон Хатоси (50) не освои Еми на годинашното доделување, но привлече огромно внимание на социјалните мрежи, каде обожавателките го...

Забава5 минути

Џенифер Лопез ги покажa деталите од својот нов дом од 18 милиони долари

Џенифер Лопез го покажа својот нов дом од 18 милиони долари во елитната калифорниска населба Хиден Хилс. Таа го купи...

Забава7 минути

Стивен Рут (74) го освои својaта прва „Еми“ и не можеше да поверува: „Мислев дека е грешка“

Актерот Стивен Рут (74) ја освои својата прва Еми награда за најдобра споредна машка улога во хумористичната серија „Widow’s Bay“,...

Македонија14 минути

Штета за албанската кауза, министерот за правда од „Вреди“ ја изедначи жртвата со агресорот, велат од ДУИ

Според ДУИ, скандалозната изјава на министерот за правда од редовите на „Вреди“ има нанесено сериозна штета врз историската вистина и...

Македонија18 минути

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид известува дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со...

Македонија18 минути

Апасиев бара одговори за наплатата на брзите кредити: По кој закон се оди на врата за долг?

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев најави дека проблемите со брзите кредити ќе ги отвори институционално преку пратенички прашања...

Македонија25 минути

ЛДП: За самонаречената елита важат законите, брзата правда, за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста

Кога неговата светост, самопрогласен шеф на новата елита, ќе добие закана на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи реагира со...

Спорт26 минути

Ридигер дефинитивно повеќе нема да игра за Германија

Антонио Ридигер, искусниот стопер на Реал Мадрид, на први септември објави дека се повлекува од германската репрезентација. Во објавата на...