Контакт

Daily news

Донев спиел во „Хилтон“ и си пазарел со службената картичка

Објавено пред

Ексдиректорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев, во Буенос Аирес, Аргентина, спиел во познатиот синџир луксузни хотели – „Хилтон“, летал со бизнис-класа и на патувањето за назад од Јапонија и не искористил купени авионски билети, покажуваат извештаите на Агенцијата и од неговата службена картичка до кои дојде „Макфакс“ преку барање за слободен пристап до информации. Во Лондон променил хотел од полоша категорија за подобар, а исто така имал и шопинг за приватни цели во најмалку две продавници – една во Аргентина и една во Токио. Донев во разговор за „Макфакс“ ги потврди извештаите што ги добивме, но вели дека сите средства што ги искористил за приватни цели, бидејќи имал проблеми со својата картичка, по патувањето, ги вратил на службената сметка.

dobivaj vesti na viber

Аргентинецот. Ова е прекарот што сега веќе разрешениот директор Александар Донев го доби по бурните реакции во јавноста дека на службениот пат во Аргентина летал со бизнис наместо во економска класа. Владата на една од своите седници го разреши Донев од функцијата поради несовесно и невнимателно работење, но остана необјаснето што всушност значи ова. Дали Владата го разреши директорот за 40 илјади денари разлика помеѓу економската и бизнис-класата за еден авионски билет како што тврди Донев? Или постојат и други постапки што ја инспирирале ваквата одлука? „Макфакс“ со барање за слободен пристап до информации од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот побара целосен извештај од службената картичка на ексдиректорот Донев во периодот од 1 септември 2017 до крајот на јануари годинава, извештај за сите купени авиобилети за патувања во истиот период, како и извештај за целите, потребите и бенефитите за државата од патувањата во странство.

Според извештаите што ги добивме од Агенцијата, Донев од септември 2017 до јануари годинава имал 11 закажани патувања за кои за авиобилети и патни трошоци биле потрошени околу 12.772 евра.

Според овој извештај, пет од купените авионски билети не се реализирани – за патувања на саеми во Полска – Варшава, Шпанија – Сантјаго де Компостела, Турција – Истанбул, Белгија – Брисел и Израел – Тел Авив.

Извор: Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ

Александар Донев во разговор за „Макфакс“ ги потврди информациите од извештајот што го добивме од Агенцијата. Тој вели дека пропаднале само два купени авионски билета – за саемите во Брисел и Израел – поради тоа што тие се поклопиле со неговото разрешување и немало можност да се откажат навреме. За преостанатите билети вели дека средствата не пропаднале, туку биле пренаменети за други билети, иако во извештајот што го добивме од Агенцијата не е наведен таков податок.

Интересно е што, иако во медиумите беше објавувано дека билетот за патувањето во Аргентина за економската класа чинел околу 180.000 денари, а бизнис-класата чинела околу 220.000 денари, вкупната сума патни трошоци за патувањето во Аргентина за авиобилети и патничко возило според податоците што ги добивме од Агенцијата изнесува 433.950 денари или 7.056 евра.

Во врска со тоа за што биле потрошени повеќе од седум илјади евра, за разлика од споменуваните 220 илјади денари, Донев вели дека се работи за трошоци и за локален превоз, како и за уште еден авиобилет од Буенос Аирес до Салта, во економска класа, а тврди дека во оваа сума се внесени и трошоците за сместување, иако во одговорот што го добивме од Агенцијата стои дека сумата се однесува за авиобилети и патнички трошоци.

„Авиобилетите се набавуваат преку владината Служба за општи и заеднички работи, авиобилетот ми е на барање за бизнис-класа затоа што летот беше 17 и пол часа, од нив добиваме со која понуда ние летаме. Не можеме ние сами да ја направиме набавката, како што најчесто јавноста го проверува тоа онлајн. За трошоците во однос на сместување, локален превоз и слично, тоа е сè според правилникот на Агенцијата што се користи со години и важи за сите патувања. Ние најчесто спиеме, не најчесто, туку секогаш спиеме во ист хотел сите, заедно со луѓето што патуваат со директорот. Спиеме во исти хотели“, вели Донев.

Тој потврдува дека летал и од Јапонија за Скопје со бизнис-класа, но вели дека тоа го покрил сам и не било платено од Агенцијата, иако и овој податок не е посочен од страна на одговорите што ги добивме од оваа Агенција. Претходно за медиумите Донев изјавуваше дека летал со бизнис класа само до Аргентина. Вкупната сума за патни трошоци за Јапонија, според Агенцијата, е околу две илјади евра.

Интересни детали за сите патувања, за кои за некои веќе се говореше во јавноста, открива и извештајот од трошењата со службената картичка на поранешниот функционер.

На патувањето во Аргентина, според извештаите од службената картичка, од 14 октомври тој спиел во хотелот „Хилтон“ во Буенос Аирес за што биле наплатени околу 750 евра, а имал и шопинг во продавница што се наоѓа на аеродромот – „Шоп галери Аргентина“, каде што била направена сметка од речиси 100 евра.

На друго патување, на 5 ноември, во Лондон, платил речиси 100 евра во „Лондон принс хотел“, хотел со 3 ѕвезди, за потоа на истиот датум повторно да исплати уште околу 1.500 евра во сосема друг хотел од подобра класа – „Лондон парк гранд Кенсингтон“, хотел со 4 и пол ѕвезди.

Донев: Го променив хотелот затоа што немаше сеф

Во однос на преместувањето од еден во друг хотел од повисока класа во Лондон, тој вели дека ја направил промената бидејќи резервираниот хотел немал сеф.

„Затоа што во првиот хотел каде што беше резервирано немаше сеф, знаете какви се хотелите кога ќе резервирате, изгледаат добро и потоа кога ќе отидете таму, тој е катастрофа, важно е дека немаше сеф. Тоа беше една од работите што требаше да ги има за да може да се остават лични документи, патни исправи и кешот затоа тој се носи бидејќи многу често се плаќаат одредени трошоци што ги имаме таму и тоа беше условот, го сменивме и тоа беше повеќе направено за промената, но потоа се преместивме и цената беше иста. Ништо од ова не е надвор од правилникот. Многу често на местата каде што одиме, на пример, во Лондон, каде што спиевме, ако тој хотел чини 1.500 евра за една недела, хотел што реално е многу попогоден да се сместите во близина на саемот, чини 5 илјади евра, цените енормно поскапуваат кога се одржуваат овие саеми, и затоа одиме во поевтини хотели, па потоа патуваме до саемот“, вели Донев за „Макфакс“.

Донев со картичката на патувањето во Лондон во повеќе наврати плаќал во познати ресторани, меѓу кои и „Баунтифул кау“, каде што сметката на 10 ноември изнесувала околу 250 евра. Според него, сите сметки за пабови и ресторани биле потрошени на службени состаноци, а не за приватни цели.

Тој направил уште еден шопинг со службената картичка во продавница во „Токио патагонија“, која, најверојатно, е продавница за облекување, при што сметката изнесувала 22.476 денари или околу 365 евра. Во Токио се појавува и друг трошок од 21.037 денари во „Сибујаку ист шопинг-центар“ за кој Донев тврди дека се работи за ручек што се одржал во шопинг-центарот. Биле исплатени и околу 39.700 денари во „Синагаваки риокан хотел“ и 35.209 денари во Chiba Torukokokuukaishiya за што не успеавме да откриеме на што се однесуваат.

Донев признава дека во двете продавници во Аргентина и Токио ги искористил парите за приватни цели, но тврди дека веднаш потоа ги вратил на службената сметка.

„Точно е за ‘Токио патагонија’, тие се вратени и уплатени на истата сметка затоа што имав проблеми, не ми поминуваше приватната картичка во Токио, некои работи приватно ги купив, но потоа во целост ги вратив на истата сметка од која се земени, сметката во Охридска банка. Исто и во Аргентина на аеродромот, за лични купени работи, потоа ги вратив. А во шопинг-центарот во Токио, тоа е всушност ресторан во шопинг-центарот, бевме на вечера со амбасадата и со тур-оператори“, вели Донев.

На службените картички се појавуваат и други трошоци и плаќања за пабови или ресторани, услуги за blackline.com и tpcontact.com, помали уплати за реклами на „Фејсбук“, како и неколку сметки за ручеци во скопски ресторани. Најголеми се сметките во кафеаната „Мерак“, каде што во еден наврат има сметка од речиси 200 евра и потоа уште една сметка во истата кафеана од 100 евра. И за овие трошоци Донев тврди дека биле платени за ручеци за службени состаноци.

Останува на ставот дека единствени ненамески потрошени средства се средствата од разликата од 40 илјади денари за билетот за бизнис-класата за кои ветува дека ќе ги врати и е во комуникација со Министерството за труд и социјална политика, кои, според него, треба да направат процена и спецификација за сензорна соба за децата со посебни потреби и тврди дека штом ќе добие таква информација оттаму, ќе ги донира парите. Од друга страна, од Министерството за труд и социјална политика неодамна за „Макфакс“ одговорија дека Донев не мора да чека никаква спецификација од нив, туку може, како и секој граѓанин, да реализира уплата на средства за донација во кое било време.

Резултатите од патувањата на Донев ќе се мерат летоска

Сè уште не може да се измерат резултатите од патувањата на разни светски саеми на ексдиректорот на Агенцијата за туризам, велат од оваа Агенција.

„Мерливи резултати не можат конкретно да се изнесат за саемите што се одржуваа во периодот од 1 септември до 1 февруари бидејќи првите резултати се очекуваат во летната сезона за 2018 година, но може да се изнесе фактот дека во сооднос на периодот јануари-ноември 2016/2017 година (достапна статистика од Државниот завод за статистика) бележиме раст од 23,4 отсто во посети и 22,6 отсто во ноќевања само од странски туристи. Растот на посети и ноќевања од страна на странските туристи би бил невозможен доколку Република Македонија не се промовира како туристичка дестинација, а тоа го врши, генерално, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преку учество на меѓународни саеми и медиумска кампања“, велат од Агенцијата за резултатите од посетата на саемите.

Кристина Озимец

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија12 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија14 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија14 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија17 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура18 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија18 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет18 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија18 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет19 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет19 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа20 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет20 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет20 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија21 час

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ2 дена

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...