Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев од Подгорица: Ќе го зголемиме буџетот за одбрана, имам верба дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во воведното обраќање на Самитот во Подгорица рече дека интеграциите во НАТО бараат од земјите од регионот меѓусебна соработка. Тој порача дека има верба и подготвеност за акција за Македонија да биде 30. членка на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Бараат политики на мостови. Бараат зрели политички раководства кои имаат чувство за тоа што им е потребно на граѓаните на нашите држави. Бараат одговорност за регионалната и глобалната безбедност. Бараат свесност од наша страна, како поединци кои имаат чест да ги предводат државите, и како држави, да придонесуваме кон светскиот мир.
Со нашето присуство овде, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, ние велиме: да, подготвени сме да соработуваме во интерес на граѓаните на нашите држави и низ интеграциските процеси да го донесеме регионот до неговиот дом, до големото семејство на НАТО“, рече Заев.

Членството на Црна Гора во НАТО, додаде тој, е охрабрувачка порака на Алијансата дека вратите се отворени за сите што ќе се издигнат над сопствените предизвици и ќе покажат дека можат да придонесуваат за колективните потреби и за сопствените граѓани.

Тој изрази верба и подготвеност за акција за Република Македонија да биде 30. членка на НАТО.

„Интеграциите на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија се стратешки цели за нашата држава. Сите патокази го покажуваат патот на Македонија токму кон НАТО и ЕУ. Новата Влада на Република Македонија, ќе се обврзам и на овој форум, е одлучена да биде локомотивата на возот кон овие две организации за да го осигураме добриот живот на нашите граѓани и иднината на своите деца“, рече Заев.

Тој рече дека за да се забрзаат интеграциите во ЕУ и НАТО, почнал со реализација планот 3-6-9 за итните реформски приоритети, што водат кон професионални и независни институции, демократизација на целото општество, а со тоа и кон квалитетен живот за сите граѓани.

На регионален план, рече Заев, се отворивме кон соседите за зацврстување и продлабочување на соработката, пријателството и довербата. Вчера потпишавме договор за добрососедски односи со Бугарија, но паралелно ја интензивиравме комуникацијата и со другите земји од регионот.

„Бидејќи е ова самит што се однесува на НАТО интеграциите, во оваа пригода изразувам благодарност за постојаната соработка со САД, којашто многу значи за демократските интеграциски процеси на Македонија, а и регионот.
Тоа што со нас седи висок претставник на Соединетите Американски Држави, покажува каков верен, стратешки партнер имаат Македонија и регионот во САД и во НАТО. Затоа најавувам дека ќе продолжиме како држава да бидеме партнер од доверба во мисиите на НАТО и активно да придонесуваме кон безбедноста“, рече Заев.

Република Македонија, додаде тој, ќе го зголеми буџетот за одбрана и ќе го зголемиме учеството во мисиите на НАТО.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

МВР воведе нова секција на веб-сајтот за побрзо закажување термин за лични документи

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има...

Македонија6 минути

„Малолетник избоден до смрт во Прилеп, ново убиство, што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР“, прашува СДСМ

„Грозно свирепо убиство на малолетно момче во Прилеп, ново убиство за само неколку дена. Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ...

Македонија21 час

(Видео) Бунарите пресушуваат, изворите се повлекуваат; наместо над 400, УХМР има 40 станици за следење на подземните води

Секнати кладенци, пресушени бунари, повлечени изворишта на вода и суви поила за стока станаа главна мака во речиси сите региони...

Европа22 часа

(Видео) Путин: НАТО подготвува напад врз Русија, но мора да разберат дека и ние имаме оружје што може да ги порази на нивна територија

Владимир Путин го почна своето годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Федералното собрание на Русија. Кремљ не ги објави...

Македонија22 часа

Демири: Ќе најдеме решение да му се помогне не само на Лео, туку и на секој друг пациент што има потреба

Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне на Леонид Индов,...

Македонија23 часа

Во дел од општините ГУП-от не е сменет над 20 години, има голем број дивоградби и неефикасен инспекциски надзор, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето на тема „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ и ова,...

Македонија23 часа

Ванковска на чекор до претседателска кандидатура, собра 9.085 потписи

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.085 од потребните 10.000...

Македонија23 часа

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази,...

Топ23 часа

(Видео) Полицајци истепале лице вработено како обезбедување во казино во Куманово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската...

Македонија1 ден

Платите на функционерите, законот за игри на среќа и стратешките инвестиции пред пратениците

На дневен ред на продолжението на 145. собраниска седница, денеска меѓу другите се Законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија1 ден

Лиже таму кај што плукал, Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој...

Свет1 ден

Белата куќа: Израел мора да обезбеди слободен пристап до Ѕидот на плачот за време на рамазан

Портпаролот на Белата куќа Метју Милер го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до „Ѕидот на...

Свет1 ден

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија на Украина...

Свет1 ден

Бајден беше на систематски: „Поминав“

„Поминав“, изјави американскиот претседател Џо Бајден (81) по неговиот годишен рутински преглед во воената болница во Мериленд, и покрај загриженоста...

Македонија1 ден

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател...

Македонија2 дена

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот...

Топ2 дена

Силувана малолетничка во Скопје

Вчера во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека 23-годишниот М.К. од Скопје извршил...

Топ2 дена

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ2 дена

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија2 дена

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...