Контакт

Daily news

Заев на средбата со Ромео: Демократските процеси мора да се одблокираат!

Објавено пред

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р Италија во Р Македонија, Карло Ромео.

На средбата е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.

„Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска Влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија“, рече претседателот Заев.

Нагласена е потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговараше и за ризиците од пролонгирање на
деблокадата на демократските процеси.

Претседателот на СДСМ објасни дека од сегашната ситуација трпат граѓаните, кои се во сѐ поголема егзистенцијaлна криза, фирмите, кои веќе имаат проблеми со исплата на плати. Министрите во заминување можат да функционираат само технички. Од средината на мај и на градоначалниците и советниците ќе им престане целосно мандатот.

„Нема да дозволиме последици на штета на граѓаните и на државата за лични криминални интереси на поединци. Мнозинството граѓани гласаа за промени, квалитетен живот за сите, правда, евро-атлантска иднина на Македонија. Постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани. Постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Никој нема право да запре демократските промени“, рече претседателот Заев на средбата со италијанскиот амбасадор, Ромео.крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија18 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет25 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника26 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника49 минути

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион1 час

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија2 часа

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...

Црна хроника2 часа

Едно лице тешко повредено, две со телесни повреди во сообраќајка кај Кичево

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село...