Контакт

Daily news

Заев: Треба да најдеме внатрешна сила за промени за да имаме аргументи за откочување на евроатлантските процеси

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со претставниците на граѓанската организација „Евротинк-Центар за европски стратегии“, Љупчо Петковски и Андреја Стојковски, која веќе 15 години работи на промоција и остварување на членството на Македонија во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

На средбата премиерот Заев ги запознал претставниците на „Евротинк“со чекорите на владата при спроведувањето на Планот 3-6-9 и ја нагласил целосната посветеност на  владата кон сите реформи неопходни за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

„Со сите сознанија за објективните пречки и наметнатиот проблем кој го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име, премиерот Заев изрази мислење дека ние треба да пронајдеме внатрешна сила за промени и реформи за да имаме аргументи пред нашите соседи и партнери во ЕУ и НАТО за откочување на процесите“, соопшти владината прес-служба.

Од „Евротинк“ го запознале премиерот Заев со истражувањата, анализите и можностите за соработка кои оваа организација ги нуди на владата во областа на европските интеграции и искористувањето на ЕУ фондовите.

„Заеднички заклучок од средбата беше дека постојат многу можности за подобра соработка меѓу владата и граѓанското општество кои ќе го зголемат капацитетот на институциите за искористување на ЕУ фондовите, како и знаењата и податоците до кои доаѓаат граѓанските организации при нивните истражувања, а се крајно корисни за државата“, се вели во соопштението.

Владата, велат од таму, останува отворена за сугестии, конкретни предлози и секојдневна соработка при остварување на врвниот приоритет – подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и целосна интеграција во ЕУ и НАТО.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Драматична сцена во авион во САД: Патник сам ја отворил вратата

Патник на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ е уапсен откако сам ја отворил вратата од авионот и се спуштил на тобоганот...

Свет27 минути

Хаос на улиците во Израел: Демонстрантите се упатија кон резиденцијата на Нетанјаху

Претседателот на Израел Исак Херцог ја повика владејачката коалиција веднаш да се откаже од законот за реформи во правосудството, по...

Свет32 минути

Северна Кореја лансира нови ракети, американски носачи пристигнаа во Јужна Кореја

Северна Кореја утринава лансираше две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров,...

Домашен11 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија13 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт14 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет16 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион17 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија19 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија19 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија19 часа

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија23 часа

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет23 часа

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија24 часа

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет1 ден

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија1 ден

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија1 ден

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет2 дена

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет2 дена

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ2 дена

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...