Контакт

Daily news

Законски измени во Министерството за култура: Правдањето на менаџерите пред министерот се покажало неефикасно

Објавено пред

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, предложи итни измени во Законот за културата. Од пратениците побара брзо усвојување неколку промени кои моментно штетат на текот на работата на институциите, а некои од промените се однесуваат на економичност на буџетот.

dobivaj vesti na viber

Како што наведува Алаѓозовски, со измените на Законот за културата во 2014 година се утврдило дека е потребно склучување менаџерски договори меѓу министерот за култура и директорот на националната установа веднаш по неговото именување. Менаџерскиот договор требало да содржи показатели на успешност што треба да ги оствари директорот и договорни казни за неисполнување на обврските од договорот.

„Имајќи предвид дека ова законско решение не се применува и не придонесе во ефективноста и ефикасноста во раководењето на националните установи, напротив, стана пречка за ефикасно следење на успешноста на директорите на националните установи за култура и преземање соодветни мерки во случај на утврдување неправилности во нивната работа, се предлага бришење на одредбата со која се утврдува склучување менаџерски договор меѓу министерот за култура и директорите на националните установи од областа на културата“, стои во излагањето на Алаѓозовски до пратениците.

Друга измена што се предлага исто така во врска со измените на Законот во 2014 година е кога се регулира дека директорите на националните установи треба на секои шест месеци да доставуваат до министерот за култура извештај за финансиското работење на националната установа и извештај за остварувањето на годишната програма за работа на националната установа.

„Беше утврдено дека доколку директорот не ја остварува годишната програма за работа на установата или има финансиски загуби во работењето, да му се остави можност во следните шест месеци да ги отстрани недостатоците и загубите во работата. Ваквиот законски рок остава можност директорот да оствари дополнителни загуби во работата, што негативно се одразува на квалитетот на целокупното работење на установата, а во пракса менаџерските договори биле склучувани со уште поголеми рокови и мерки кои се несоодветни на целта на законските одредби“, смета тој.

Од наведените причини, се предлага рокот во кој директорот треба да ги отстрани недостатоците и загубите во работата да го определи Министерството за култура во зависност од случајот и сериозноста на проблемите, но не подолго од 6 месеци.

Сепак, Алаѓозовски смета дека, на крајот, со Законот за културата треба да се утврдат и прекршоци за директорите и одговорните лица во субјектите на надзор доколку по барање на инспекторите за култура не ги обезбедат сите акти со цел утврдување на целокупната состојба во работењето на установите и другите субјекти што подлежат на инспекциски надзор од областа на културата, како и номотехничко подобрување на одредбите за да се унапреди вршењето на инспекцискиот надзор на Законот.

Законот за културата е донесен во 1998 година како основен закон во културата и оттогаш е повеќепати менуван.

Другите предлози за измени се однесуваат на пензионираните уметници, кои во согласност со Законот за државните награди се добитници на некоја од државните награди за областа на културата: „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста или за животно дело, да стекнат право, покрај пензијата, да добијат и месечен паричен надомест од средства на буџетот на РМ преку Министерството за култура во висина на разликата меѓу нивната пензија и највисоката пензија во Република Македонија во претходната година. Ова право им е дадено до крајот на животот.

Во моментот ова право го остваруваат 66 уметници.

Констатирано е дека во буџетот на Република Македонија за 2017 година за оваа намена биле предвидени средства во износ од 11.400.000 денари, а како основа е земена највисоката пензија исплатена во 2015 година во Република Македонија во износ од 38.394,00 денари.

„Деновиве од Министерството за труд и социјална политика е добиен податок дека највисоката пензија исплатена во Република Македонија во 2016 година изнесува 47.873,00 денари. Ова предизвика дополнителни фискални импликации во буџетот на Министерството за култура, во износ од  7.331.000 денари, што треба да се обезбедат со ребалансот на буџетот на Република Македонија за 2017 година. Се очекува дека секоја наредна година ќе се зголемуваат средствата потребни за остварување на оваа законска обврска.

Заради надминување на сè поголемите зафаќања од буџетот за оваа намена, наспроти затекнатите неповолни состојби во културата и висината на платата на вработените во одделни делови на културата, особено во областа на заштитата на културното наследство, музеите и библиотеките, се предлага со измените на Законот да се утврди месечниот надоместок на пензионерите да се пресметува како разлика од остварената пензија до фиксен износ од 38.500 денари, кој е на ниво на исплатениот надоместок на пензионерите во декември 2016 година наместо како досега износот да се пресметува како разлика од остварената пензија до највисоката исплатена пензија во Република Македонија во претходната година. На пензионерите што го оствариле ова право до донесување на предложениот закон, ќе им продолжи правото и понатаму“, предлага Алаѓозовски.

Исто така, се предлага и добитниците на наградата „11 Октомври“ за едногодишни остварувања во уметноста, од 1959 до 1987 година, да може да добијат право на месечен надомест како и другите пензионери добитници на државните награди, односно да се даде правна основа за нивен еднаков третман со другите добитници на оваа државна награда.

А. Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет3 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет4 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет4 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет5 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет5 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет5 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија6 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет6 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет6 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет9 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија11 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет11 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет15 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет17 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија17 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет17 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет19 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет19 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...