Контакт

Daily news

За „Порше 959 Спорт“ на аукција ќе се бараат два милиона евра

Објавено пред

Компанијата „Порше“ во својата историја досега произвела вкупно 292 примероци од легендарниот модел „959“, но само 29 од нив биле произведени во верзијата „Спорт“.

Токму едно „Порше 959 Спорт“ ќе се најде на продажна аукција, што аукциската куќа „Сотби“ ќе ја организира на 8 февруари во Париз. Тоа ќе биде можност вљубениците во автомобили со „подлабок џеб“ и богатите колекционери да наддаваат за овој редок автомобил од 80-тите години на 20 век.

Организаторот на аукцијата тврди дека автомобилот е во оригиналната состојба и дека на себе ја има првата фарба.

Возилото од фабричките ленти било симнато во 1988 година. Како еден од 29-те модели „Порше 959 Спорт“, понудениот примерок е полесен од стандардната верзија „959 Комфорт“ за околу 100 килограми.

Автомобилот за погон користи 2.85-литарски шестцилиндерски би-турбо мотор со 515 коњски сили, а силата се пренесува врз двете осовини со помош на шестбрзински мануелен менувач.

Благодарение на ваквите спецификации „Порше 959 Спорт“ во своето време беше најбрзиот автомобил што можеше да се вози на јавните патишта. Титулата ја официјализира во мај 1987 година, кога на една делница од германскиот автобан, разви брзина од 317 километри на час.

Една година подоцна, на тест патеката Нардо постигна брзина од дури 339 километри на час, што и три децении подоцна е импресивен резултат.

Проценката е дека примерокот што во февруари ќе се најде на аукцијата во Париз ќе достигне цена од меѓу 1,5 и два милиона евра, но нема да биде изненадување доколку и ја надмине горната наведена сума.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет4 минути

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија32 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија50 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника59 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет1 час

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...