Контакт

Daily news

Зврлевски пред одлука за разрешување – тој не сака да коментира

Објавено пред

На денешната втора владина седница министрите ја почнаа постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, дознава Макфакс.

dobivaj vesti na viber

„Владата донесе одлука, предлогот за разрешување на републичкиот Јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење“, пишува во соопштението од Инфо-службата на Владата,

Јавниот обвинител Марко Зврлевски кратко одговори на пораката на Макфакс дека не сака да ја коментира постапката за негово разрешување.

Законот предвидува дека Владата, по претходно мислење од Советот на јавни обвинители, до Собранието поднесува предлог за разрешување на јавниот обвинител. Зврлевски може да биде разрешен од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконско, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување кривична постапка во случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата. Советот е должен во рок од 15 дена да  ѝ одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.

В. Маглешов

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија4 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија5 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија7 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија8 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ8 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија8 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура11 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа11 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет12 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа12 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа13 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет13 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија22 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија1 ден

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија1 ден

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија1 ден

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија1 ден

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...