Daily news
Земотрес во Чиле со интензитет од 7,1 степен
Чиле 25.04.2017 (Макфакс)Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтер го потресе централно Чиле. Според првичните податоци нема повредени и сериозни оштетувања.
Земјотресот во близина на главниот град Сантијаго бил на 35 километри западно од крајбрежниот град Балпараисо и на 10 километри под морското дно. Првично силата му беше одредена на 6,7 степени по Рихтер.
Чилеанските власти наредија превентивна евакуација на крајбрежните области, но мерката беше откажана откако стана јасно дека нема опасност од цунами.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
