Daily news
Зетот на Трамп во центарот на истрагата на ФБИ
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер сега е во фокусот на ФБИ истрагата поради вмешаност со Русија за време на претседателската кампања. Кушнер и негов близок соработник, имал најмалку три неоткриени контакти со рускиот амбасадор во САД. Ова се случувало за време и по претседателската изборна кампања во 2016 година, објавуваат американските медиуми.
Во контактите спаѓаат и два телефонски повици направени помеѓу април и ноември минатата година, за што Кушнер сега е во фокусот на ФБИ истрагата.
Новите информации за двата повика покажуваат дека контактите на Кушнер со Сергеј Кислјак биле побројни отколку што Белата куќа објавила.
Весникот „Вашингтон пост“ открива дека имало најмалку 18 неоткриени повици и меилови помеѓу соработниците на Трамп и лица поврзани со Кремљ седум месеци пред претседателските избори, вклучувајќи и шест повици со Кислјак.В.Д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
