Контакт

Daily news

Зигмар Габриел доаѓа на Балканот

Објавено пред

 

 Шефот на дипломатијата на Германија, Зигмар Габриел, од денес ја почнува турнејата во Србија и Косово, што идната недела ќе ја дополни со Албанија. Пред тргнувањето за Белград тој изјави дека во Западниот Балкан е постигнат значаен прогрес изминатите години, но во последно време се гледа дека некои рани од минатото се длабоки и дека се уште може да предизвикаат тензии.

„Ние сакаме да продолжиме со поддршката на земјите од регионот за да ги развијат нивните демократски структури и владеење на правото и да се придвижат кон стабилност и просперитет“, порача Габриел пред тргнувањето од Берлин.Тој додаде дека поради таа причина негова прва дестинација се Србија и Косово, а идната недела Албанија , за да процени самиот каква е ситуацијата во овие земји.

„Ќе ги уверам моите соговорници дека патот кон ЕУ ќе остане отворен за нив ако се одлучат за напредок и реформи, наместо за поделби и стагнација“, порача Габриел, без да спомене воопшто дали Македонија ќе се најде исто така на неговата агенда на посети во регионот .

Откако деновиве не заобиколи сенаторот Џон Мекејн, кој буквално ги посети сите земји во регионот освен нашата, истото може да се повтори и од германскиот шеф на дипломатијата. Гидо Вестервеле беше последниот шеф на дипломатијата на оваа земја што престојуваше во Скопје.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт20 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија27 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт32 минути

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника39 минути

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет42 минути

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија49 минути

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника49 минути

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника60 минути

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...

Црна хроника1 час

Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој...