Контакт

Daily news

Зошто мажите исчезнуваат по сексот?

Објавено пред

Голем дел од жените го искусиле следново сценарио: Неколку љубовни состаноци со згоден и културен дечко, редовно разменување слатки пораки, неверојатен секс и потоа тишина. Како што деновите поминуваат, така тој има сè помалку време за пораки и средби, додека во еден момент едноставно целосно исчезнува од вашиот живот. Што се случува кај мажите што поттикнува толку неочекувано спротивставено однесување?

dobivaj vesti na viber

1. Постои друга девојка во неговиот живот

Иако сме сигурни дека не сакате да верувате во тоа, сепак постојат големи шанси дека тој веќе има некоја личност во неговиот живот која ја гледа како подобар избор за него. Без разлика дали ја запознал пред или по вас, тој сигурно се двоумел пред конечно да донесе одлука. Со неговото исчезнување покажува дека ја одбрал неа.

2. Страв од обврзување

Некои луѓе го покажуваат својот страв од сериозни врски така што како малите пчели скокаат од цвет на цвет. Ако во кој било момент почувствуваат дека обичното дружење може да се претвори во нешто повеќе, тие едноставно бегаат наместо да се обидат да ви објаснат. Со други зборови, ова однесување и за него не е лесно, но во неговите очи е подобар избор од обврзувањето.

3. Сè уште има контакт со поранешната девојка

Ова е само уште една тажна вистина, која можеби и самите би можеле да ја забележите. Особено доколку тој постојано комуницира со неа, разговара за нивното заедничко минато со вас или случајно ве нарекува со нејзиното име. Доколку не сакате да губите време, најдобро е да сфатите на што сте и ако не ви се допаѓа каде води вашата врска да продолжите понатаму.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ако не ни ги прифатат барањата, продолжуваме со поригорозен штрајк, порачаа судските административци

Штрајкот во Обвинителството ќе продолжи.Од УПОЗ велат дека добро е што е формирана работна група за да се решат нивните...

Македонија2 минути

Лидерите да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија, порача американската амбасадорка Агелер

Политичките лидери треба да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер, одговарајќи...

Економија59 минути

Македонците почнаа да плаќаат 30 отсто поевтин роаминг во ЕУ, во 2028 година цените ќе бидат исти како дома

Договореното намалување на трошоците за роаминг е веќе во сила и Македонците што патуваат надвор од државата имаат 30 %...

Европа2 часа

Шарл Мишел: Украина може да се приклучи на ЕУ во 2030 година ако двете страни си ја завршат домашната задача

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година...

Македонија3 часа

Поведена постапка за делови од Законот за средното образование, кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот...

Македонија3 часа

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, има уште еден активен пожар

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева,...

Европа4 часа

(Видео) Идентификувани 11 повредени во сообраќајната несреќа кај Венеција, многумина се на интензивна нега

Работник од Гамбија, кој работел во „Финкантиери“, заедно со својот колега стана еден од хероите на спасувањето патници од автобус....

Свет5 часа

(Видео) Пукање на универзитет во Балтимор, САД, неколку повредени

Неколку лица се повредени во пукотница во близина на универзитетскиот кампус во Балтимор доцна синоќа, соопшти полицијата во градот на...

Регион5 часа

(Видео) Голем пожар во компанија во Осиек: „Не останувајте на отворено“

40-ина минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанијата „Драва интернешнл“ во населбата Брјест во Осиек. Гори пластична маса...

Европа6 часа

(Видео) 21 лице загинаа во страшната несреќа кај Венеција, меѓу загинатите и две деца

Најмалку 21 лице загина кога автобус излетал од надвозник во близина на Венеција. Scene in Venice, Italy where a bus...

Македонија13 часа

(Видео) Мечка и вечерва се спушти во Жировница

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од мечка во селото Жировница. „Вечерва низ тесните улички...

Македонија14 часа

Ако секој политичар јасно ги кажува ставовите државата ќе оди напред, рече Спасовски

Јасно и гласно го кажувам својот став. Ако секој политичар има одговорност и ги кажува јасно ставовиве државата ќе оди...

Регион15 часа

Османи за „Си-ен-ен“: Потребни се санкции против Србија, сакаме Радоичиќ да биде екстрадиран во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи за Си-Ен-Ен изјави дека Косово е нападнато и дека меѓународната заедница треба да воведе санкции кон...

Македонија17 часа

Нема да има отстрел на мечки: проблемот ќе се решава преку чистење на ѓубрето, посебни хранилишта, обезбедување на имотите

Владата, на денешната седница, го разгледа Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување...

Македонија19 часа

Народниот правобранител најави постапка, а инепкторатот надзор во „Демир Хисар“ по случајот со 17-годишното момче со аутизам

Институцијата народен правобранител ќе поведе постапка за случајот со 17-годишно момче со аутизам, за кое претходно во медиумите беше објавено...

Македонија23 часа

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со законот за амнестија, тогаш нека ја напушти Владата веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што рече дека...

Македонија24 часа

Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман

Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура, без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку...

Македонија1 ден

Тренчевска: За линеарно покачување на пензиите повеќе нема да се разговара, легитимно е да се протестира

Пензионерите имаат демократско право да протестираат, но за линеарно покачување на пензиите повеќе со нив нема да се разговара, рече...

Топ1 ден

Загина 18-годишник од Тетовско: со возилото излетал од патот и удрил во столб

Вчеравечер, околу 21.30 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Пирок – Тетово, во тетовско Долно Палчиште,...

Македонија1 ден

28 години од атентатот на Киро Глигоров

Поминаа 28 години од атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот...