Daily news
Иванов утре ќе се сретне со Вучиќ
Претседателот Ѓорѓе Иванов утре ќе учествува на состанокот на лидерите од Брдо – Бриони процесот, чии домаќини се Борут Пахор, претседателот на Словенија и Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателка на Хрватска.
Според најавите од српски извори Иванов ќе има билатерална средба со новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ, која е прва меѓу македонски и српски функционер по скандалот со присуството на српскиот агент за време на крвавиот настан во нашиот Парламент.
На состанокот треба да присуствува и шефот на дипломатијата Никола Димитров, кому вчера му дадоа лично покана амбасадорите на оваа земја во Македонија.Тоа ќе биде прво излегување на Димитров во ова официјално својство надвор од државата.
На состанокот ќе биде присутен и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
