Daily news
Инфлацијата во еврозоната во јуни изнесува 1,3 отсто
Инфлацијата во еврозоната продолжува да се намалува и во јуни изнесува 1,3 отсто, што е доста под целта што ја постави Европската централна банка (ЕЦБ) од 2 отсто.
Годишната инфлација во 19 земји на ЕУ, кои го користат еврото, изнесувала 1,4 отсто во мај.
Аналитичарите предвидуваат поголема инфлација и раст на потрошувачките цени од 1,2 отсто.
Инфлација од околу 2 отсто на годишно ниво во ЕЦБ се смета како знак за добра состојба на економијата, бидејќи одговара на нејзината дефиниција на стабилноста на цените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
