Daily news
Истрагата за настаните во Собранието е проширена на уште четири лица
Секторот за внатрешни работи – Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје достави нови четири известувања кои се однесуваат на проширување на кривична пријава и известување со дополнителни дејствија за лица кои се претходно кривично пријавени за настаните во Собранието.
„Станува збор за лицата А.З. (63), А.С. (39), В.Ц. (33) и В.Т. (40), сите од Скопје. На информативен разговор било повикано лицето П.Д. (42) од Скопје, кој по извршениот разговор бил ослободен“, соопшти МВР.
СВР Скопје во консултација и соработка со скопското Основно јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
