Контакт

Daily news

Италија гради нови центри за задржување на мигранти и за побрза депортација

Објавено пред

 

Италија во наредните месеци ќе отвори нови центри за задржување на мигранти, кои се дел од планот да се забрза депортацијата на илегалните мигранти.

Сепак овој процес е придружен со критики дека центрите не само што ги задржуваат луѓето туку тоа се прави под нехумани услови, а исто така  не се постигнува бараниот резултат.

 

Протести, проследени со насилство, како и тешкотиите да бидат идентификувани мигрантите, доведоа до затворање на слични центри во земјата. Но во вторникот Министерството за внатрешни работи побара од регионалните власти да обезбедат нови в1600 места за сместување. Според министерот Марко Минити мигрантите треба да бидат уапсени, за да се стави крај на нивната голгота и притоа некои да бидат вратени назад, дома.

 

Плановите предвидуваат повторно отворање на центар за мажи во Понте Галерија на периферијата на Рим, каде демонстранти мигранти протестираа со зашиени усни, по што центарот беше затворен во 2015 година.

 

Во текот на викендот новинари од “Ројтерс” го посетија овој центар каде се уште работат одделенијата за жени и во центарот во Понте Галерија и разговараа со 3 Нигеријки, кои поднеле барање за азил и кои се зад решетки. Од вкупно 63 жени во овој центар повеќе од две третини чекаат да се заврши разгледувањето на нивните апликации. Од нив 27 се од Нигерија и многу од нив се жртви на шверцерите на секс робинки..Крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 минути

(Видео) Неверојатната Линдзи Вон веќе тренира

Само 25 дена по нејзиниот тежок пад на Зимските олимписки игри, Линдзи Вон се огласи на социјалните мрежи за да...

Македонија10 минути

Во тешка сообраќајка загина 52-годишен оперативец во РЦУК Битола

Вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, загина Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи...

Свет10 минути

Орбан: Иако ме уценуваат и се однесуваат како бандити, нема да ги прифатам барањата на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес повтори дека унгарската влада и тој го вознемируваат украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што не...

Македонија17 минути

ВЛЕН: Уште еден модерен базен за Чаир, инвестиција од еден милион евра

„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште...

Свет20 минути

(Видео) Хегсет: Трамп нацрта нова стратешка мапа од Гренланд до Панамскиот канал

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека претседателот Доналд Трамп ја редефинира безбедносната стратегија на САД во Западната хемисфера,...

Европа26 минути

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

Украина ја обвини Унгарија дека земала седум вработени во нејзината државна штедилница Ошадбанк како заложници, изјави украинскиот министер за надворешни...

Забава31 минута

(Видео) Позната инфлуенсерка го роди деветтото дете: „Ова веројатно беше мојата последна бременост“

Инфлуенсерката Хана Нилман, поранешна балерина која сега е позната на социјалните мрежи низ целиот свет под името Балерина Фарм, роди...

Спорт34 минути

Трамп на пријемот на фудбалерите на Интер се фалеше како го уништува Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, очекувано, ги искористи фудбалерите (овој пат Интер од Мајами, последен пат Јувентус) како...

Забава36 минути

(Видео) И таа го пронајде својот милијардер: Страсни бакнежи на аеродромот, нема повеќе криење

Актерката Ема Вотсон и милијардерот Гонзало Бајлерес беа фатени на аеродромот во интимна прегратка и бакнување, па тоа е повеќе...

Македонија46 минути

„Ако Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името, Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,...