Контакт

Daily news

Какви измени носи новиот устав во Турција

Објавено пред

Турците на референдум ги поддржаа уставните реформи кои ќе му дадат поголеми овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Какви промени ќе им донесе новиот устав на 79 милиони Турци?

dobivaj vesti na viber

За почеток, претседателот ќе има поголема извршна моќ да поставува истакнати личности на надлежни позиции, вклучувајќи ги и министрите. Ќе може да постави еден или повеќе потпретседатели, а функцијата премиер, на која сега се наоѓа Бинали Јилдирим, се укинува. Ќе се раздрма и правосудството, кое Ердоган го обвинува дека е под влијание на неговиот поранешен сојузник, а сега противник, имамот Фетулах Ѓулен, кого пак го обвинува и за организирање на неуспешен воен пуч во јули минатата година.

Претседателот и парламентот заедно ќе можат да изберат четири члена на Врховниот одбор на судии и обвинители – клучно правосудно тело кое именува луѓе во судството. Воените судии пред кои се судело на офицери ќе бидат забранети. Се предвидува воведување на вонредна состојба во случај на “востание против татковината“ или акти на насилство кои ја довеле нацијата во опасност“. Бројот на паретници ќе порасне од 550 на 600, а ќе се намали старосната граница за влез во парламентот – од сегашните 25 на 18 години. Парламентарни избори ќе се одржуваат на секои пет години, наместо на секои четири, а истиот ден ќе се одржат и претседателски избори. Парламентот и натаму ќе има овластувања да донесува, менува и укинува закони. Доколку претседателот е обвинет или осомничен за некое кривично дело, парламентот може да побара истрага.

Претседателот мора да биде граѓанин на Турција, не помлад од 40 години и може да биде член на политичка партија. Новиот устав предвидува дека следните претседателски и парламентарни избори ќе бидат одржани во ист ден, на 3-ти ноември 2019-та година. Претседателот може да има максимално два петтогодишни мандати, така да Ердоган би можел да остане на власт се до 2029-та година.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион54 минути

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет57 минути

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет1 час

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија2 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија2 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет11 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија17 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија19 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија19 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија19 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија20 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија21 час

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ22 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија23 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија23 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија23 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија1 ден

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет1 ден

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...