Daily news
Каракачанов ќе ги учи Бугарите на патриотизам
Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов останува приврзаник на воведувањето на редовна воена служба.
“Во програмата на владата се запишани воена обука во училиштата, доброволно служење и развој на проекти поврзани со редовната воена служба. Јас сум нејзин приврзаник, бидејќи сметам дека е потребно бугарската младина да биде подготвена и воспитана во духот на патриотизмот и подготвеноста да ја брани татковината “, изјави Каракачанов.
Каракачанов ќе инсистира на враќање на редовната воена служба .Според зборовите на министерот проблемите на бугарската армија се многу повеќе отколку што ги видел како пратеник. Како приоритет Каракачанов ги посочи новото вооружување, модернизација на опремата и зголемување на борбената готовност.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
