Контакт

Daily news

Карл Билд на средба со Заев па со останатите партиски лидери

Објавено пред

Поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд денеска во Скопје разговара со претставници на политичките партии во врска со политичката криза во Македонија.

Според извори на Макфакс Билд веќе оствари средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска. Средбата траела околу еден час. Билд подоцна ќе има состаноци со првиот човек на ДУИ Али Ахмети како и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на движењето Беса.

Средби со официјални владини лица или со претседателот Ѓорѓе Иванов според се, нема да има.

Карл Билд е копретседавач со невладината организација Европски совет за надворешни работи, која се занимава со политички анализи и изнаоѓање решенија за конфликтни политички состојби.

Драган Милосављевиќ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО

Пентагон објави огромна архива на претходно доверливи документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи децениски описи на видувања пријавени од...

Црна хроника6 минути

Малолетничка паднала од велосипед: со тешки повреди е пренесена во болница во Штип

Вчера околу 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај место викано „Рудина“ на некатегоризиран пат, 11-годишна малолетничка...

Црна хроника9 минути

Возило излетало од патот: возачот е тешко повреден а четири лица меѓу нив и малолетници завршиле со полесни повреди

Во СВР Скопје, вчера околу 18:40 часот е пријавено дека на обиколница на град Скопје, клучка Мирковци, патничко возило „бмв“...

Економија13 минути

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег во реформите за забрзана ЕУ интеграција“

Постигнатиот напредок во спроведување на реформите во областа на Царинската унија, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на...

Црна хроника14 минути

32-годишник од Боговиње и се заканувал на вонбрачната партнерка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од село во општина Боговиње. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување...

Топ18 минути

Паднала во отвор за лифт во зграда во изградба: тешко повредена 17-годишна скопјанка

17-годишно девојче паднало во отвор од лифт во зграда во изградба и тешко се повредило, соопшти полицијата. Имено, вчера во...

Економија29 минути

ТАВ Македонија: Рекорден 32,4% пораст на бројот на патници во првите 4 месеци – опслужени 1,2 милиони лица

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата...

Македонија34 минути

(Видео) Конески: СДС ги избрка младите, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж и перспективи

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на прес-конференција изјави дека последните настапи на СДСМ, според него,...

Економија40 минути

Намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во...