Daily news
Коневски упати повик до опозицијата за јавна телевизиска дебата
Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски во саботата преку социјалните мрежи упати повик до опозицијата за ТВ дебата.
„Повик до опозицијата! Со оглед на непрекинатото ширење невистини во јавноста за наводното уништување на зеленилото во Општина Аеродром, Ве поканувам на јавна дебата на телевизија што Вие ќе ја одберете најтранспарентно да ги спротивставиме аргументите за граѓаните сами да можат да ја согледаат јасно вистината за мојата и работата на Општината Аеродром и на тој начин да ставиме крај на грубите дезинформации и манипулации што секојдневно ги ширите во јавноста за свои очигледни политички цели“, напиша Коневски на својот Фејсбук профил./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
