Контакт

Daily news

Констатирана оставката на Вучиќ, Дачиќ нов технички премиер на Србија

Објавено пред

„Собранието констатира дека Александар Вучиќ поднесе оставка на местото премиер поради преземањето нова функција“, изјави во средата претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ, додавајќи дека со ова престанува и мандатот на актуелната српска влада, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во техничка смисла ќе го замени досегашниот премиер до формирањето на новата влада. Кој ќе биде на функцијата премиер, сè уште не е познато, но е извесно дека ова ќе биде познато до 18 јуни, коментираат српските медиуми.

Откако ќе положи заклетва на премиерската функција, Вучиќ како претседател на Србија ќе има на располагање „законски“ рок од 30 дена за да предложи нов премиер, но како што веќе најави, тоа ќе го направи многу порано.

Што се однесува до имињата на потенцијалниот нов премиер, Вучиќ не се изјаснил, но прецизирал дека размислува за три имиња – едно од владејачката Српска напредна партија (СНС), потоа досегашниот вицепремиер Дачиќ, но и едно непартиско лице.

Доколку Собранието не избере нова влада во рок од 30 дена од констатацијата на оставката на премиерот, Вучиќ како претседател е должен да го распушти Собранието и да распише избори. До изборот на нов премиер и новата влада, актуелната влада ќе биде во технички состав./крај/мф

Најново

Спорт2 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт2 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт2 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт3 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт3 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...