Daily news
Кремљ ја потврди информацијата за претстојниот разговор меѓу Путин и Трамп
– Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, потврди за ТАСС дека во распоредот на Владимир Путин е планиран телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп.
„Да, потврдуваме дека таков разговор ќе се одржи”, изјави Песков во врска со претходно распространетата порака од Белата куќа.
Прес-лужбата на американскиот лидер соопшти дека Трамп има намера да одржи телефонски разговор со Владимир Путин. Се очекува тој да се одржи некаде околу 18.30 часот по македонско време
Лидерите на двете страни сè уште немаат средба меѓу себе, но веќе неколкупати разговараа на телефон.
Во програмата на Путин за 2 мај влегува и средба со германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе се одржи на Сочи, потсетуваат агенциите.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
