Контакт

Daily news

Кумуцакос: Без решение на името нема промена на политиката од Букурешт

Објавено пред

Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, му го повтори истиот став на министерот Никола Димитров како и грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, прво наоѓање решение за името, па можност за прием во НАТО. На вчерашната средба во Атина Кумуцакос потенцираше дека нема да има промена на одлуката од Букурешт сè додека не се најде заеднички прифатливо решение за името.

„Ние веруваме во потребата за заеднички прифатливо решение за името. Веруваме дека тоа може да се случи, и тоа за брзо време, ако постои вистинска позитивна политичка волја. Токму бидејќи веруваме во потребата за заеднички прифатливо решение сметаме дека политиката од Букурешт, изразена преку едногласната одлука од НАТО, останува силна“, изјави Кумуцакос по средбата со Димитров.

Меѓутоа, тој рече дека е позитивно што новата влада испраќа порака на умереност, што е поконструктивно и попродуктивно од она на кое се научени од претходната влада.

Димитров и Кумуцакос разговараа за развојот на билатералните односи, како и генерално за ситуацијата во регионот.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет2 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет2 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија16 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет18 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија19 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ22 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа22 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија24 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ2 дена

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија2 дена

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 дена

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ2 дена

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Досие